Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хаос во албанскиот парламент, пратениците палеа столчиња

Политичарите од редовите на албанската опозиција запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест против изрекувањето на казната затвор на нивниот колега.

Тие во понеделникот на почетокот на редовната седница на парламентот ги извадија столчињата од салата и ги запалија на скалите на собраниската зграда, пренесе Ројтерс.

Обезбедувањето брзо го изгасна пожарот.

Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата со која членот на опозициската Демократска партија, Ервин Салијани е осуден на една година затвор.

Понискиот суд претходно го прогласи за виновен за поднесување „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи, додека Салијани се изјасни за невин и рече дека судењето е политички мотивирано.

Претходно овој месец, лидерот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември минатата година, беше обвинет за корупција за активности од времето кога беше премиер, што тој го негираше.

Опозициската Демократска партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново