Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иницијативата „ПроГлас“ за поголема излезност на изборите во Србија ја потпишаа повеќе од 143.700 луѓе

Иницијативата „ПроГлас“ која ги повикува граѓаните да гласаат на изборите во Србија на 17 декември, до денеска добила потписи за поддршка од 143.713 лица, објавено е на веб-страницата на таа иницијатива, која ја покрена група јавни личности и интелектуалци, јави дописникот на МИА од Белгад.

-Наше недвосмислено уверување е дека времето во кое живееме бара од сите одговорни и загрижени граѓани да се соочат со моментот, да донесат јасни одлуки и да бидат подготвени не само да бидат сведоци на неопходните промени, туку и да учествуваат во нив, пишува меѓу другото во „ПроГлас“.

Иницијативата ја покренаа Љубомир Симовиќ, Владимир Костиќ, Иванка Поповиќ, Миодраг Мајиќ, Миодраг Јовановиќ, Драган Бјелогрлиќ, Владица Цветковиќ, Светлана Цеца Бојковиќ, Гојко Божовиќ, Срѓан Голубовиќ, Биљана Степјановиќ, Филип Ејдус, Петар Пеца Поповиќ и други.

-Србија е наша земја и затоа ова е заедничка борба во која треба да докажеме што сме и колку сме. Таа борба се заснова на лекциите од минатото, јасен увид во сегашноста и, она што е клучно, посветеност на иднината на Србија, се навдува во иницијативата.

Познатата актерка Светлана Цеца Бојковиќ на трибина оваа иницијатива изјави дека „колку е поголем бројот на гласови на изборите, толку помала е можноста за манипулација. Затоа бараме да ни помогнете што повеќе да го шириме ПроГлас, заедно да допреме до сите незаинтересирани или уценети граѓани, додаде таа. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира