Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јазична игра „Збороколаж“ за создавање фрази и реченици на македонски со помош на вештачка интелигенција

Порталот за наука, уметност и арни работи, Арно.мк ја објави јазичната игра на македонски јазик „Збороколаж“. Тоа е интерактивна јазична игра која ви овозможува да создавате уникатни фрази и реченици на македонски јазик. Со едноставно кликање или влечење на зборовите, можете да создадете ваши оригинални „збороколажи“ и да ја истражите креативната моќ на јазикот.

Играта е креирана со помош на вештачка интелигенција, со цел да се покаже како современата технологија може да ги збогати културата и јазикот.

„Овие креативни експерименти со АИ не се платени од никој, немаме профит од нив и ги правиме единствено со желба за збогатување на нашата култура и будење интерес за истата кај помладите“ велат од Арно.

Првата верзија од играта има ограничен број на зборови, што е и дел од предизвикот, за да може да се креираат поинтересни комбинации и да се стимулира креативноста.

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен