Кенеди за кандидат за потпретседателка на САД ја номинира Никол Шанахан

Независниот кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Роберт Кенеди одлучи во својата изборна трка, како потпретседателка да ја кандидира правничката од Калифорнија, Никол Шанахан.

Кенеди, кој се обидува да се претстави како алтернатива на кандидатите Џозеф Бајден и Доналд Трамп, се обидува да го искористи незадоволството на електоратот кон двајцата противници, надевајќи се дека ќе биде избран за прв независен кандидат за претседател на САД.

Шанахан (38) претходно беше регистрирана како поддржувач на Демократската партија, од која истапи и Кенеди, а според податоците за финансирање на кампањата, таа била донатор на кампањите на Хилари Клинтон и Питер Бутиџиг.

Таа е претседателка на приватната фондација „Биа-еко“, која им помага на жените да се породат на постара возраст и се бори за реформи во кривичното право. Шанахан, која е поранешна сопруга на основачот на Гугл, Сергеј Брин, никогаш претходно не се кандидирала за ниту една политичка функција.

Треба да знаете
Moже да ве интересира