„Она што е важно за нашата земја на европскиот пат на кој ја држи оваа влада растат платите и пензиите и во услови на најголема криза. Горд сум на сработеното, на она што го направивме со министрите во овие изминати години на криза, прво ковид, па енергетска криза, и сите тие треба да бидат горди на она што го направивме од аспект на економските резултати“, рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.
Тој посочи дека просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари што е за зголемување за околу 1000 евра во споредба со 2016 година. А минималната пензија денес е е 13.200 денари,а во 2016 година била 9000 денари. Што претставува покачување од 4000 денари.
„Просечна плата во септември оваа година е скоро 38000 денари,што е покачување од 250 евра од 2016 година кога изнесувала нешто над 22.000 денари. Во тоа време просечната плата била колку што е сега минималната. Во државата денес имаме највисока минимална плата која што е 20.175 денари,а во март ќе изнесува 22.5000 денари,“ рече Ковачевски.
Тој посочи дека ако во 2016 година биле потребни 4.5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, денес се потребни 2 минимални плати. Резултат на кој сите треба да бидат горди, а за тоа се заслужни министрите од оваа влада и синдикатите со кои се најде заеднички јазик.
„Ова го загарантиравме со закон и нова методдологија за постојан раст на минималната плата. И платите и пензиите во иднина ќе се зголемуваат како што се движиме по евроинтеграцискиот пат, а двојно ќе се зголемат со влезот во Европската Унија“, рече Ковачевски.
„Во време на криза најголема со која се соочила Европа, од таа по втората светска војна ја наметна потребата од три клучни работи кои ги преземавме и реализиравме изминатиот период. Првата е Северна Македонија водеше стратешки домашни политики за снабдување со храна, енергија, и зголемување на производството со цел системот да функционира, граѓаните да се заштитат од ценовни шокови, компаниите да бидат ликвидни, и виталните функции на државата да се одвиваат непречено“, рече Ковачевски на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.
Втората клучна работа на која се осврна Ковачевски е обединувањето со регионот , при што клучна беше подршка од ЕУ во градењето на побезбедна , посигурна позелена енергетска иднина за државата. И трето со растот на инвестициите во обновливите извори на енергија, кризата беше претворена во можност, станавме лидери во енергетската транзиција на нашата земја, и ја претворивме земјата во зелен енергетски хаб.
„За прв пат од независноста на државата, донесовме низа системски одлуки со кои се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и енергија. Тргнувајќи од природните потенцијали на нашата земја, плодна земја, сонце, ветер, вода, вреден народ, како предуслов за производство на храна и вложување во обновливи извори на енергија“, рече Ковачевски.
Тој посочи дека покрај природните потенцијали на напшата држава дека имаме нешто што другите го немаат, а тоа дека сме единствени кои имаат 280 сончеви денови во годината.