Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски на средбата со Мицкоски со понуда од пакет предлози меѓу кои и распишување на избори веднаш откако во Собранието двете партии ги изгласаат уставните измени

Меѓу предлозите на Ковачевски на средбата со Мицкоски се и распишување на избори веднаш откако во Собранието двете партии ги изгласаат уставните измени

Извори од Влада и од СДСМ, за Рацин.мк брифираат дека премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со Мицкоски презентира пакет план со неколку предлози.

Во пакетот предлози на Ковачевски, како што дознаваме се партиите заеднички да застанат зад уставните измени и за европската иднина на земјата, и да бидат изгласани во Собранието.

Пакетот предвидува веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата, со што му се излегува во пресрет на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.

Дали и што би се прифатило и каков исход ќе има, се очекува да се дознае по завршувањето на лидерската средба, која околу 11 часот започна во Клубот на пратеници во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен