Ковачевски најави нови германски инвестиции кои наскоро започнуваат со работа

Економијата е една од темите кои се многу значајни во делот на соработката со Германија, оценува премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска изјави дека Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, со над 3,5 милијарди евра годишен извоз од Северна Македонија во Германија.

-Потоа 200 германски компании се инвеститори во Северна Македонија коишто вработуваат над 20.000 работници кои имаат натпросечни плати во државата. Исто така разговаравме за новите инвестиции кои ќе се случат, тука пред се мислам на Гересхајмер, германска компанија во делот на медицината која што гради фабрика за опрема за вакцини, КОСТАЛ којшто ќе започне со нова инвестиција во државата. Голем производител на батерии, исто така од Германија, кажа Ковачевски.

Тој информира и за средбата со генералниот директор на Дојче телеком и со неговите колеги задолжени за Европа, на коишто било разговарано најмногу за 5Г технологија која што веќе телекомот ја имплементира во нашата држава.

-Потоа за технолошките решенија кои што Дојче телеком како најголем во Европа и трите најголеми во светот ги има и ги прави, а се однесуваат на сајбер безбедноста и во овозможувањето на дата услуги на приватни и јавни институции, и беа презентирани најновите достигнувања токму во овој дел. Сметам дека тоа ќе биде предмет на поголем состанок којшто ќе се одржи во Скопје, бидејќи процесот на дигитализација е процес којшто секогаш оди напред, меѓутоа заедно со дигитализацијата секогаш рака под рака оди и сајбер безбедноста. Што е поголема дигитализацијата тогаш и сајбер безбедноста доаѓа на позначајно ниво, истакна премиерот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира