Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лариса Дир ѝ се заблагодари на Северна Македонија за приклучување кон осудата на руските квази избори во окупираните територии на Украина

Украинската амбасадорка Лариса Дир денеска и се заблагодари на Република Северна Македонија што им се приклучи на 54 земји-членки на ОН во заедничката изјава како одговор на организираните руски претседателските избори во привремено окупираните територии на Украина

Во заедничката изјава прочитана од постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергиј Кислица, повеќе од 50 земји, меѓи кои САД, Франција, Велика Британија, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја и други, се осудува одржувањето на руските претседателски избори во неколку украински региони.

„Во име на Украина, Албанија, Андора, Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Чиле, Костарика, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Латвија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалските Острови, Монако, Црна Гора, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Норвешка, Палау, Парагвај, Полска, Португалија, Република Кореја, Република Молдавија, Романија, Сан Марино, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави, Уругвај и Европската Унија

Најостро ги осудуваме нелегитимните обиди на Руската Федерација да организира руски претседателски избори во привремено окупирани области во меѓународно признатата територија на Украина. Одржувањето избори на територијата на друга земја-членка на ОН без нејзина согласност е очигледно непочитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Ваквите избори немаат валидност според меѓународното право“, пишува во заедничката изјава.

Во изјавата, исто така, се бара од Русија „да ја прекине својата воена агресија против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и помошничката на генералниот секретар на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло нагласија дека одржувањето на руските избори на украинските територии контролирани од Москва е „неприфатливо“, објави ЦИВИЛ МЕДИА.

На овие избори гласаат и жителите на четирите украински региони – Доњецк, Луганск, Запорижја и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година, што претставува кршење на меѓународното право од страна на Москва.

.

Треба да знаете
Moже да ве интересира