Љутков го честиташе Денот на македонскиот јазик, ниту збор зошто нема функцинален инспекторат

Љутков

Љутков го честиташе Денот на македонскиот јазик. Во честитката нема ниту збор зошто нема функцинален инспекторат, кој е основан уште пред две години.

Еве ја неговата честитка:

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи ја непроценливата вредност на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет и културното наследство.

Во својата порака, министерот нагласи дека македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење, историја и духовност, кој се пренесува низ генерациите и ја отсликува силата и истрајноста на народот.

Тој потсети дека на овој ден во 1945 година е кодифициран современиот македонски литературен јазик, со што се поставени темелите на неговиот развој и афирмација.

Министерот повика на заедничка грижа, негување и унапредување на македонскиот јазик, како наша трајна вредност и препознатливост во светот.

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик!

Зачлени се на нашиот е-билтен