Македонските играорци ги воодушевија жителите на Сплит, туристите и љубителите на фолклорот

Македонските играорци од ансамблот „Етнос“ гордо дефилираа покрај Сплитската ривиера на Меѓународниот фестивал за фолклор во Сплит, пренесувајќи ја македонската традиција заедно со претставници од целиот свет. Тие на шестдневната трунеја низ Сплит, Трогир и Подстрана се претставија со голем број македонски песни, како и низа кореографии меѓу кои „Драчевка“ и „Кумановка“

Изведувачите, облечени во раскошни народни носии, со својата енергија и умешност на публиката ѝ ги пренесоа приказните за своите предци, а претставите беа вистински спектакл за очи и уши, збогатени со автентичните звуци на традиционалните инструменти, кои секое движење и чекор го претвораа во поетска нарација за минатите времиња и обичаи.

Овој фестивал беше жив музеј на народни обичаи, кои публиката ги препозна и ја награди секоја земја и настап со громогласен аплауз и воодушевени овации.

Странски групи од Хрватска, Грузија, Австралија, Мексико, Романија, Украина, Македонија и Уругвај гордо го презентираа своето културно наследство. 

Публиката составена од локални жители, туристи и љубители на фолклорот со ентузијазам го прифати фестивалот, уживајќи во секој момент од програмата со претставување на сите учесници, претворајќи го во калеидоскоп на бои и ритми и звуци, евоцирајќи ги духовите на минатите времиња преку живи танци, мелодии и раскошни костими.

Најчитано