Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Ако некој заради политичка незрелост ја става во заложништво европската иднина на младите, ние не сме тие

„Европски е, кога ги прифаќаме младите да бидат предводници во реализација на нови, свежи и храбри идеи. Младите ја имаат најголемата сила и храброст да ги придвижуваат процесите напред. Напред кон посовремена, позелена, поинклузивна и дигитална иднина“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Тетово.

Тој додаде дека значењето и придобивките од членството во Европската Унија се исклучително важна стратешка цел за нашата земја и е од интерес за сите наши граѓани без исклучок, но, ако мора да се избере за кого ова прашање има немерливо значење, тогаш тоа со сигурност се младите.

„И токму заради младите, мораме да го направиме финалниот исчекор. Повикувам да ја потврдиме нашата мнозинска одлука за нашиот нов голем чекор за членство во Унијата, затоа што младите бараат да го фатиме чекорот со времето и да извлечеме максимум од шансата која пред нас ја создава геополитичкиот момент во кој се наоѓаме“, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека младите луѓе се тие кои во најголем број ја препознаат ЕУ како стабилен и посакуван партнер и затоа државата има обврска да им биде партнер во обезбедувањето перспектива и европска иднина.

„И ако некој заради сопствената политичка незрелост е подготвен да ја стави во заложништво иднината на младите, ние не сме тие“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека младите  заслужуваат подобар, европски животен стандард и заслужуваат да живеат во европска држава, дома, во својата татковина.

„Инвестициите кои со членството во ЕУ ќе растат ќе значат нови работни места за младите. Поддршката на нови старт-ап бизниси и стратешки партнерства се отвораат како можности. Патот на преговорите за членство во ЕУ со себе носи низа придобивки за младите како што се дополнителни мерки за мобилност“ порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Тетово.

Тој додаде дека програмата Еразмус овозможува размена на контакти, знаења и идеи на младите со нивните врсници од регионот и од ЕУ.

„Младинските организации велат дека програмата прави чуда од животите на младите – токму така, Еразмус е програма која ги менува животите на нашите млади на подобро“, нагласи рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека изминатите пет години се преземени многу мерки за стандардот и за образованието на младите.

„Северна Македонија е првата земја надвор од ЕУ којашто ја усвои и успешно ја применува мерката ‘Гаранција за млади’. Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во ‘Гаранцијата за млади’. Речиси 40% од учесниците во ‘Гаранција за млади’ добија понуда за вработување, континуирано образование и обука и беа вклучени во практикантство“, рече Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ во Тетово.

Треба да знаете
Moже да ве интересира