Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг, слободата мора да ја чуваме, режим никогаш повеќе

„Денес е Фуркан, утре може да е било кој друг. Слободата мора да ја чуваме. Режим никогаш повеќе. Слободата е наша неотуѓива правдина“, реагираше заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на веста на приведувањето на новинарот Фуркан Салиу.

Во својата објава Маричиќ прашува: „Дали сме за заробена држава или држава во која се негуваат граѓанските и медиумските слободи и права?“

„Нашата држава доживеа преобразба од период на ограничувања до ера на слобода. Во 2023 година, Северна Македонија се искачи на 38. место во Глобалниот индекс на „Репортери без граници“, покажувајќи значително подобрување во слободата на медиумите и граѓанските права, во споредба со мрачниот период на заробена држава (2013-2016), кога беше на 123 место“, потсетува Маричиќ.

Тој посочува дека „масовните протести и ‘Шарената револуција’ беа клучни во иницирањето на промените кои следеа, со новата влада која презема значителни мерки за враќање на медиумските и граѓанските слободи“.

Заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува дека „за време на режимот од 2013 до крајот на 2016 година беа згазени граѓанските слободи со незаконско прислушувани повеќе од 20.000 луѓе“.

„Оваа трансформација ја потврдува колективната волја на народот за демократија, покажувајќи дека режимот кој ја потиснува слободата е дел од минатото и дека општеството е единствено кога станува збор за слобода и правда“, напиша на социјалните мрежи заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен