Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Масовен и мирен протест на земјоделците во Солун

 Илјадници земјоделци од северна, централна и западна Грција денеска одржаа мирен и масовен протест во Солун пред објектот каде што се одржува саемот за земјоделство „Агротика“ и упатија порака дека нема да отстапат од нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Солун пристигнаа со автобуси од повеќе делови на земјата и им се придружија на оние кои од четвртокот се во градот каде што дојдоа со околу 300 трактори и остануваат паркирани пред еден од влезовите на саемот каде што ќе останат до утре, кога и завршува Агротика.

Земјоделците велат дека не се задоволни од владините мерки што вчера ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и најавуваат засилување на протестите, а денеска симболично во знак на протест пред саемот истурија корпи со јаболка и костени.

За вторник наутро, земјоделците од областа Тесалија што беше погодена од поплавите во септември минатата година, најавија состанок и ги повикаа сите нивни колеги да се соберат во близина на Лариса за да ги одредат следните чекори.

Грчкиот премиер вчера од Парламентот соопшти дополнителни мерки за поддршка на земјоделците, како што е враќање на специјалниот данок на потрошувачка на нафта и во 2024 година, како попуст од десет отсто на струјата за земјоделско производство. 

Зачлени се на нашиот е-билтен