Мелони: Ниту чекор назад, договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира

Џорџа Мелони

Договорот со Албанија за мигрантите ќе функционира, нема да направиме ниту чекор назад, изјавила италијанскиот премиер Џорџа Мелони во интервју за емисијата „4-та Република“ на телевизија „Рете 4“.

– Договорот со Албанија ќе функционира. Не преземам задачи што не можам да ги исполнам. Не грижете се, ќе најдеме и законски решенија. Мислам дека договорот со Албанија треба да функционира затоа што тој е иновативен договор, изјавила Мелони, пренесуваат албанските медиуми.

Договорот за прифаќање мигранти, на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони, кој предвидуваше сместување на 3 илјади мигранти месечно, односно 36 илјади годишно, кои, по прифаќањето во прифатниот центар во пристанишниот град Шнѓин, во кампот во Ѓадр треба да го чекаат одговорот на барањето за азил.

Со италијанскиот брод „Либра“ во два наврати пристигнаа вкупно 24 мигранти, од Египет и Бангладеш, но и двете групи беа вратени назад, откако судот во Рим одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ, бидејќи оценува дека споменатите две земји не се во групата безбедни земји.

Со втората група заминаа и 80 лица од обезбедувањето а подоцна и други педесетина меѓу кои социјални работници и медицински лица.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?