Младите од Македонија родени во 2005 година, ќе имаат можност бесплатно да патуваат низ европа со воз од 1 март 2024 до 31 мај 2025 година.
Европската Унија доделува 38.000 билети за воз како нов дел на програмата за патување наречена „DiscoverEU“, а освен земјите членки на ЕУ, може да учествуваат и младите од нашата земја како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција и Србија.
За да добијат бесплатни билети, оние што ќе аплицираат ќе мора да го покажат своето знаење преку одговарање на краток квиз. Победниците ќе имаат можност да патуваат низ Европа до 30 дена, по повод нивниот 18.роденден.
Комисијата од Брисел најави дека рокот за аплицирање трае до 18 октомври, а заинтересираните можат да се пријават на овој линк.
Преземено од МЕТА