Одобрен револуционерен тест за откривање туберколоза

Фото: NIAID, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Молекуларниит дијагностички тест „Ксперт МТБ/РИФ Ултра“ кој овозможува дијагностицирање на туберкулоза и тестирање на отпорност на антибиотици беше одобрен од Светската здравствена организација (СЗО).

Со тоа ова стана прв тест кој ги исполнува строгите критериуми и стандарди на СЗО.

Туберкулозата, која годишно предизвикува повеќе од еден милион смртни случаи, останува глобален здравствен предизвик. Јукико Накатани, помошник генерален директор на СЗО, истакна дека новиот тест претставува значаен чекор во раната дијагностика и лекување на туберкулозата.

Директорот за регулатива и преквалификација на СЗО, Рожерио Гаспар, изјави дека квалитетните дијагностички тестови се темел на ефикасна грижа и превенција. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?