Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Официјалните личности имаат обврска да го почитуваат Договорот од Преспа, а не да градат кариери на него

Екс министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на панел дискусијата на меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина се осврна на односот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова кон уставното име, посочувајќи дека лично право на поединец е дали ќе го користи уставното име на државата, но како институција претседател, таа има обврска да го почитува Договорот од Преспа.

Коѕијас истакна дека не се работи доволно на целосно почитување на договорот во двете држави, но и дека ЕУ има потфрлено во исполнувањето на сопствените обврски кон Македонија.

Влезот во ЕУ за Северна Македонија беше ветен. И што направи ЕУ? Прво француското вето, за менување на методологијата, па потоа дојде ветото од Бугарија. Таквиот однос на ЕУ кон Северна Македонија, но и кон сопствените ветувања е недозволив и креира атмосфера во регион на големи, отворени проблеми оти нивното решавање е залудно. На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ и имаме обврска тоа да го испорачаме“ посочи Коѕијас на конференцијата во Атина, што се одржува во организација на Фондацијата Зоран Заев – Едно општество за сите и Институтот за мир Алексис Ципрас.

На оваа сесија на која учествуваше и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров кој истакна дека на прашањето со името, многумина во Грција и Северна Македонија изградија политички кариери.

„Половина од мојата професионална кариера беше поврзана со проблемот со името, заедно со министерот Никос Коѕијас ни требаше една година преговори за да стигнеме до решение, но за таа една година, јас остарев десет години“, рече поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што се одржува во Атина.

Пред присутните, Димитров сподели детали за тоа како Северна Македонија и Грција дојдоа до решение на спорот со името.

„Почнавме на 15 јуни 2017 и правата лекција што ја научивме е дека има неколку елементи на проблемот, како придавката, името, опсегот на употреба…За нас клучно беше правото на самоопределување. Во Европа, во 21 век, ние кажуваме кои сме, ниту една друга држава или меѓународна организација не може тоа да ни го каже. За нас беше клучно кои сме и кој јазик го зборуваме. За Грција беше клучна дистинкцијата и таа да може да биде применлива секаде и мислам дека неколку елементи од спорот ни помогнаа да се направи комбинација каде што главните грижи за двете страни беа исти. Друга, би рекол состојка за доаѓање до решение, беше тоа што си признавме дека барем на краток рок, политичкиот капитал што го имаме ќе биде потрошен. Не е возможно веднаш да го вратите потрошениот политички капитал, на прашање кое политички било експлоатирано со декади и тоа од двете страни на границите, каде многумина направија и кариери на спорот со името“ посочи Димитров.

Димитров кажа дека со Договорот од Преспа, двете држави ѝ покажале на Европа, но и на светот дека Балканот како регион со проблеми може да продуцира и решенија на проблемите.

Треба да знаете
Moже да ве интересира