Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет“, се истакнува во соопштението од Кабинет на претседателот на државта Стево Пендаровски.

Во соопштението се нагласува дека „со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните“.

„Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“, потенцираат од Кабинетот на претседателот на државта Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира