Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пленковиќ: Со протерувањето на српскиот дипломат, Хрватска одговори на единствениот можен начин

– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска се осврна на протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија и рече дека официјален Загреб на тоа реагирал на единствениот можен соодветен начин во вакви ситуации.

Без разјаснување какви било детали, веднаш реагиравме по принципот на реципроцитет и ја известивме Амбасадата на Србија дека прогласуваме дипломат за непожелен. Реагиравме на единствениот можен начин во вакви ситуации, рече Пленковиќ на отворената седница на Владата.

Тој додаде дека ваквите потези не придонесуваат за воспоставување доверба меѓу двете земји.

Треба да знаете
Moже да ве интересира