Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

По општините и фирмите наместо оваа, парите од унгарскиот кредит ќе ги добијат следната година

Процесот за распределба на средствата од унгарскиот кредит е во завршна фаза, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, по новогодишните празници, банките ќе почнат активно да ги пренесуваат средствата до компаниите.

На прашање од новинарите, премиерот не можеше да предвиди дали ќе се искористи целиот износ од 250 милиони евра достапни преку кредитот. Иако првично се очекуваше дека фирмите ќе почнат да ги добиваат средствата уште во ноември, процесот се забави поради преговорите со банките за каматните стапки и условите за заемите.

Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, а средствата се наменети за инвестиции до 10 милиони евра. Компаниите ќе можат да ги користат за вложувања во основни средства, обновливи извори на енергија и административни објекти.

Следната година ќе се делат и парите од унгарскиот кредит наменети за општините, а највисоките износи ќе бидат проследени преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии -функции на држава.

Во однос на можноста Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да аплицираат за средствата, премиерот изјави дека нивните кредити имаат друга цел и намена. ЕСМ неодамна позајми 82 милиони евра за покривање долгови, а Владата работи на консолидирање на нивната финансиска состојба со цел да се избегнат повисоки камати.

Мицкоски вели дека успехот на кредитниот модел зависи од претприемачите и нивните проекти, додека Владата е тука за да создаде услови за реализација. Првите исплати до компаниите се очекуваат во јануари 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен