Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Постојана мисија на Иран во ОН: Доколку СБ на ОН го осудеше израелскиот напад врз конзулатот, одговорот ќе беше избегнат

 Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации соопшти дека „императивот“ на Техеран да го „казни Израел“ за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија би бил избегнат доколку Советот за безбедност на ОН го осудеше нападот.

„Доколку Советот за безбедност на ОН го осудеше чинот на агресија на ционистичкиот режим врз нашите дипломатски простории во Дамаск, а потоа ги изведе неговите сторители пред лицето на правдата, можеби ќе беше избегнат императивот на Иран да го казни овој одметнат режим“, се наведува во соопштението на социјалната мрежа Х. 

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск, на 1 април, загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.

Неколку ирански функционери се заканија со одмазда за нападот, вклучувајќи го и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека „овој злобен режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“.

Израел, од друга страна, тврди дека не стои зад нападот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира