Македонија денеска ги добнива своите први медали на Медитеранските игри, а дали ќе бидат златни или сребрени ќе зависи од исходот на финалните мечеви во борење.
Во категоријата слободен стил до 74 килограми првиот финален меч ќе го има Фати Вејсели кој од 18:40 ќе се бори против Ислам Дудаев од Албанија.
Во второто финале со македонски претставник, во категоријата слободен стил до 97 килограми, од 19:20 ќе се бори Реџеп Хајдари, против Даурен Куруглиев од Грција.
Можност за бронзен медал ќе има и борачот Ахмад Магомедов кој за бронзата ќе се бори против Италијанецот Николини, а борбата почнува во 18:50.

