Хари Кејн е избран за најдобар фудбалер во Германија во традиционалната анкета на спортското списание „Кикер“.
Кејн убедливо ја освои наградата со 272 гласа, оставајќи го зад себе соиграчот од Баерн, Мајкл Олисе, кој доби 203 гласа. Третото место му припадна на напаѓачот на Штутгарт, Дениз Ундав, со 61 глас.
Признанието доаѓа по неверојатната сезона во која Кејн постигна дури 61 гол на 51 натпревар и беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата и Купот на Германија со Баерн.

