Македонија навива за Ана Стојаноска: Утре почнува гласањето за Детската Евровизија

Македонија в сабота, на 24 октомври, ќе има свој претставник на сцената на Детската Евровизија во Малта. Младата стружанка Ана Стојаноска ќе настапи со песната „Идната јас“, а македонските граѓани ќе имаат можност директно да влијаат врз резултатот, бидејќи на овој натпревар е дозволено гласање и за сопствената земја.

Ана ќе настапи под реден број 12, а натпреварот ќе започне во 21 часот по македонско време.

Со песната „Идната јас“, младата пејачка ќе ја претстави Македонија пред европската публика. Композитор на песната е Никола Мицевски, а текстот го потпишува Илчо Нечовски.

Во пресрет на настапот, вниманието е насочено и кон онлајн гласањето, кое е бесплатно и достапно за гледачите од сите земји, вклучително и од Македонија.

За да гласаат, граѓаните треба да ја посетат официјалната интернет-страница JESC.TV, да изберат три песни, меѓу кои може да биде и македонската претставничка, и да го потврдат својот избор.

Гласањето ќе се одвива во два круга. Првиот започнува утре, 23 октомври, во 23:59 часот и ќе трае до 24 октомври во 20:59 часот.

Вториот круг ќе биде отворен во текот на самата натпреварувачка вечер, веднаш по завршувањето на сите настапи, и ќе трае приближно 15 минути.

За разлика од правилата на големата Евровизија, на Детската Евровизија е дозволено гледачите да гласаат и за сопствениот претставник.

Годинава во натпреварот учествуваат 16 земји, а Македонија ќе ја претставува младата пејачка од Струга, која со песната „Идната јас“ ќе настапи на меѓународната музичка сцена.

Настапот ќе може да се следи преку Македонската радио-телевизија и официјалните канали на Детската Евровизија.

Гласањето е достапно на www.jesc.tv.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?