Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди, а во попладневните часови во повеќе делови од земјата се очекува нестабилност проследена со локален дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат локални, но на поединечни места ќе има услови да бидат поинтензивни, проследени со електрични празнења и краткотрајно засилување на ветерот.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните делови на Македонија. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со можност за краткотраен дожд и грмежи, додека температурата ќе достигне околу 33 степени.
Според синоптичарите, нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови. Во попладневните часови повторно ќе има услови за локален развој на облачност, пороен дожд и грмежи, додека температурите ќе останат типично летни.
