Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промовирана книгата „Картографирање на себеси“ од Славица Гаџова Свидерска во КИЦ Софија

На 12 октомври 2023 во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија се одржа промоцијата на книгата „Картографирање на себеси“ од Славица Гаџова Свидерска.

За неодамна издадената поетска книга „Картографирање на себеси“ преведена на бугарски јазик говореа издавачот Мартин Христов, преведувачката Поли Муканова, писателот Владимир Левчев и авторка Славица Гаџова Свидерска.

Вечерта помина во исклучително позитивна атмосфера, а големиот број на присутни љубители на литературата и поезијата, претставници на културниот и дипломатски живот во Софија покажаа особен интерес за промовираната книга.

Левчев за Свидерска вели дека е македонска, но и космополитска поетеса со неповторлив творечки ракопис. Д-р Лидија Капушевска–Дракулевска смета дека издигајќи го својот моќен, бескомпромисен глас против секакви варијации на „политиката на стравот“, Свидерска успева да го закотви и победи стравот, не со очај, бегство или пренебрегнувачки однос, а преку создавање на мирно, спокојно, сигурно, скоро магиски заштитено катче. Д-р Звонко Танески вели дека за Славица е многу важно индивидуалното, интимното доживување на спознанието, пронижано од номадски експедиции…

Славица Гаџова Свидерска (1984, Битола) е македонска поетеса, преведувач, есеист, литературен теоретичар, доктор на филолошките науки. Ги има издадено стихозбирките „Бескрајност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), и „Тела“ (2016). Автор е и на научните монографии: Литература и дискурси на власта“ (2013), „Литература и политичко насилство“ (2018), како и на литературно-филозофските есеи „За смислата и апсурдот“ (2017).

Носителка е на десетина награди и признанија, а нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски, и албански.

Треба да знаете
Moже да ве интересира