Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протест на земјоделците во Солун на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство

Со над 300 трактори земјоделците од северна Грција денеска одржаа мирен протест во центарот на Солун за време на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците минатата седмица започнаа протести во различни делови на Грција, а денеска, како што најавија, се собраа во Солун, ги паркираа тракторите пред влезот на саемот, каде што ќе останат и во следните денови и закажаа нов голем протест за в сабота.

Паралелно до претседателот на саемот доставија и протестна нота со нивните барања, меѓу кои главното се високите трошоци за производство.

Во исто време, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Брисел по учеството на вонредниот Самит на ЕУ, најави дека утре, од Парламентот ќе ги соопшти владините иницијативи за дополнително зајакнување на примарниот сектор.

Зачлени се на нашиот е-билтен