– Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој беше реизбран на функцијата минатата недела, в четврток ќе отпатува за Израел и палестинските територии, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.
Санчез ќе патува со неговиот белгиски колега Александре де Кро, претставувајќи го соодветно актуелното и претстојното ротирачко претседателство со Советот на Европска Унија.
Двајцата лидери ќе се сретнат со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, израелскиот претседател Исак Херцог и палестинскиот претседател Махмуд Абас, се додава во соопштението.