Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СЕММ прмовира „Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации“

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) утре ќе ја промовира публикацијата „Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации“, создаден со цел да ги поткрепи новинарите, уредниците и сите медиумски професионалци со практични алатки и насоки во борбата против дезинформациите.

Прирачникот ги содржи најдобрите светски практики и конкретни примери за тоа како да се избегнат замките на дезинформациите, како и безбедносни препораки за заштита на податоци и информации. Од СЕММ сметаат дека прирачникот ќе биде особено корисен за новинарите кои известуваат за чувствителни теми од областа на безбедноста и ќе им помогне да креираат точни, балансирани и етички создржини.

Автори на Прирачникот се Зоран Бојаровски – новинар со долгогодишно искуство и Миле Бошњаковски – консултант за стратешки комуникации, а промоцијата ќе се одржи утре, четврток во „Лабораториум“ со почеток во 11 часот.

Изданието е поддржано од Амбасадата на САД во Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“ имплементиран од Советот за етика во медиумите на Македонија.

Прирачникот ќе биде објавен во печатено и онлајн издание (на македонски и албански јазик) и ќе може да се преземе на веб страната на СЕММ (www.semm.mk).

Зачлени се на нашиот е-билтен