Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со покачувањето на професорската плата Мицкоски сега може да јаде бурек 1100 пати

Фотомонтажата за текстот е позајмена од Фронтлајн
Фотомонтажата за текстот е позајмена од Фронтлајн

За 22 отсто пораснаа платите на универзитетските професори на УКИМ, што значи дека и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој е професор, добива покачување на својата плата.

Тој изминатите денови се обидуваше да претстави дека иако платите постојано растат, дека нивната вредност не била иста, па споредуваше цени на бурек сега со пред 10 години. Со покачувањето од 22 отсто, платата на Мицокски достигнува и до 88 илјади денари, што значи дека тој може да купи над 1100 буреци.

Кога се споредува куповната моќ на платите, се забележува дека таа е сега поголема, отколку во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Со минималната плата од 130 евра во 2012 година, беа потребни четири минимални плати за покривање на минималната синдикална кошничка од 520 евра. Додека во ноември 2023 година, последниот месец по кој минималната синдикална кошничка се пресметуваше според таа методологија беа потребни 2,3 минимални плати за покривање на истата.

Покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од овој месец добива повисока професорска плата во УКИМ во просек за 22 отсто, со што нивните плати достигнуваат и до 88 илјади денари.

Мицкоски и Славески се политичарите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, а своевремено професорот Славески ја критикуваше и политиката на раст на минималната плата.

„Вкупно 3.000 професори, асистенти, административни и технички лица ќе почнат да добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22 отсто, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од март, кога е предвидено зголемување на минималната плата во државата. Станува збор за обврска согласно колективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија како основач на високообразовната установа, а чија цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на универзитетот“, информира МОН.

Покачувањето на платите на професорите на УКИМ, значи дека и Мицкоски и Славески во својот буџет ќе ги почувствуваат бенефитите од економските политики на владата за раст на платите во државата.

Постојаниот раст на платите и овие податоци покажуваат дека Мицкоски и Славески сега имаат повисоки плати, кои вредат повеќе, но за политички поени ги критикуваат економските мерки кои помагаат на граѓаните да живеат поудобен живот.

Фотомонтажата за текстот е позајмена од Фронтлајн

Треба да знаете
Moже да ве интересира