Србија и Албанија начелно се договориле да отворат конзулати во Скадар и во Бујановац, а информацијата ја сподели српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.
„Ме радува што имав добри разговори со новиот албански министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме начелна согласност да отвориме конзулати на нашите две земји во Скадар и во Бујановац“, изјави Ѓуриќ.
Зборувајќи за Европската Унија, Ѓуриќ рече дека Србија го забрзала спроведувањето на реформите од европската агенда и дека членството во ЕУ е национален интерес на Србија.
