Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Учесниците на Самит во Словенија силно поддржаа проширување на Европската Унија

Проширувањето на Европската Унија е нејзин стратешки, но и безбедносен интерес, се согласија денеска учесниците на Самитот во Брдо кај Крањ по повод 20-годишнината од членството на Словенија во ЕУ.

„Проширувањето е важно… Проширувањето значи голема трансформациска моќ. Ние сме претседатели на земјите кои го поддржуваат влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, вклучително и Молдавија и Грузија“, изјави словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

– Словенија ќе продолжи да дава помош за тие земји, додаде Пирц Мусар на средбата на претседателите на соседните земји на Словенија во Брдо кај Крањ.

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен потсети на усвојувањето на „историските одлуки за почеток на преговори со Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија. – Австрија ги поддржува тие одлуки. – Ние имаме свој јасен стратешки интерес, а тоа е натамошното проширување на Европската Унија. Пред се мислам на земјите од Западен Балкан, тие се наши соседи. Наш безбедносен интерес е и тие да влезат во Унијата. Мислам дека сме на добар пат, изјави австрискиот претседател.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека „не е се во исполнувањето на критериумите“, но „за жал има дури и премногу во политиката“, поради што земјите како Албанија, Северна Македонија и Црна Гора „не отворија ниту едно поглавје“.

Милановиќ рече дека Унијата мора да најде „некаков начин на причина да се задоволи со нешто што е добро за сите нас, да се обиде да ги внесе во нашето општество оние што ни се блиску, а тоа се државите од Западен Балкан и оние кои не се блиску, тоа е веќе нешто што ги надминува нашите можности бидејќи ЕУ не се САД, ниту Пекинг“.

Серџо Матарела, претседателот на Италија, потсети дека Словенија стана членка на Европската Унија заедно со уште девет земји во 2004 година.

– Ако сакаме да продолжиме да градиме мир, треба да го завршиме европскиот проект. Денес е поважно од кога било. Особено кога зборуваме за земјите од Западен Балкан, кои чекаат влез 20 години. Се разбира, не ги забораваме Украина, Молдавија и Грузија, рече Матарела, додавајќи дека е среќен што словенечкиот претседател „се залага за целосно спроведување на Шенген“.

Воедно, Пирц Мусар ги повика сите влади на соседните земји на Словенија заедно со неа да ги „укинат граничните контроли“.

„Шенгенскиот режим е големо достигнување во Европската Унија и овде, во овој регион, отвореноста на границите е една од главните предности“, посочи словенечкиот претседател.

Милановиќ рече и дека е „за отворени граници меѓу Хрватска и Словенија и сите други учесници и членки на Шенген“.

– Сепак, Шенген е многу деликатна структура и потребно е само малку ветер и сите настинуваат, а токму тоа се случи. Словенија реагираше со затворање на границите. Искрено, разбирам, не осудувам, но мора да се вратиме на фабричките поставки на Шенген, а тоа е слободно патување, рече Милановиќ.

Во декември, словенечката влада донесе декрет за продолжување на граничните контроли со Хрватска и Унгарија за шест месеци. Словенечката гранична контрола ќе трае до 22 јуни 2024 година.

Унгарскиот претседател Тамаш Сулјоко исто така рече дека неговата земја е посветена на проширување на Унијата и дека сака да „олесни што е можно повеќе пристапни преговори, што е можно поскоро“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен