Украинската амбасада и „Бруталиск“ приредуваат изложба „Една година руска инвазија врз Украина“

Во организација на „Бруталиск“ и амбасадата на Република Украина во Северна Македонија, на 25 февруари (сабота) ќе биде отворена изложба на фотографии насловена „Една година руска инвазија врз Украина“.

Како што информираа организаторите на изложбата во галерискиот простор на „Бруталиск“ ќе бидат претставени неколку десеттици фотографии кои што украинската амбасада ги обезбеди во соработка со акредитираните фоторепортери кои во изминатата една година од војната беа на различни локации во Украина за да ги овековечат и стават пред светската јавност ужасите на војната предизвикани од воената инвазија на Руската Федерација врз една суверена држава.

На отворањето на изложбата ќе биде промовирана и соодветна публикација со сите неопходни информации за презентираните фотографски дела и за авторите.

Отворањето на изложбата ќе биде во 19.00 часот во „Бруталиск“ кој се наоѓа на булевар Илинден 38А.

Треба да знаете
Moже да ве интересира