Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вилдерс на средба со Херцог вети целосна поддршка за Израел

 Лидерот на холандската екстремна десница Герт Вилдерс денеска на социјалната мрежа „Икс“ објави дека се сретнал со израелскиот претседател Исак Херцог и ветил целосна поддршка за Израел во неговата борба против тероризмот.

Вилдерс, кој има за цел да ја предводи новата влада откако неговата националистичка партија ПВВ победи на изборите во ноември, долго време е упорен  поддржувач на Израел.

Израелскиот претседател вчера беше во Холандија за да присуствува на отворањето на музејот на холокаустот во Амстердам. На церемонијата на отворањето, Херцог повика на молитви за мир и итно ослободување на заложниците кои Хамас ги зеде за време на нападот врз Израел на 7 октомври, а кои сè уште ги држат исламистичките милитанти.

Вилдерс објави слика од неговата средба со Херцог и напиша: „Му реков дека сум горд што е во посета на Холандија и дека Израел ја има и секогаш ќе ја има мојата целосна поддршка во борбата против тероризмот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен