Врачена државната награда „23 Октомври“

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата им беше врачена на тимот за трансплантација на црн дроб, проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска и универзитетскиот професор Африм Османи.

Кристина Скипаровска која во име на нејзиниот брат доктор Светозар Антовиќ ја прими наградата, оцени дека ова признание е голем поттик за понатамошни достигнувања во областа на медицината.

-Она што сакам да го кажам во негово име е следново, на патот на растење на било кој доктор, па така и на брат ми ќе се сочите со неколку типа на признанија, првото е лично признаније одосно личната сатисфакција, тоа е она кога знаете дека тоа што сте го сработиле сте го сработиле по вашите мерила следно е она на пациентитие кои се најважни и ја признаваат хуманоста, човечноста на докторот, следуваат оние од колегите кои ќе ја верификуваат вашата стручост и сето тоа ви дава ветар  во грбот да продолжите по патот кој сте го одбрале. Но само признание како што е ова денеска не ви дава ветар, туку ви дава крила, а тоа значи да летнете кон медицина која е светска, изјави Скипаровска.

Оваа наградата, како што посочи таа, верувам дека ветува она што беше ентузијазам на млада група нема да биде само изблик на ентузијазам, туку ќе биде систем, стандард во нашата држава…. Мојот брат имаше сон да биде хирург, тој сон се оставри, но не само тоа туку и се натфрли, рече Скипаровска.

Таа изрази надеж дека тимот ќе овозможи во нашата земја трансплатацијата да прерасне стандардна грижа.

Д-р Маја Мојсова Мијовска посочи дека се поголемата свест кај грѓаните за органодарителството всушност има направено најголем импакт кај трансплантаците во нашата земја.

-Во однос на наградата би сакала да кажам дека ми е мило што некој не приметил, го забележал нашито напор, нашата тешка работа. Генерално трансплантациите се развиваат во Македонија затоа што се разви органодаристелството. Во суштина тоа остави најголем импакт, немаше да имаме трансплантации, доколку немаме семејства кои донираат. Мене ми е драго што семејствата и конечно граѓаните ја разбраа нашата мисија, сметам дека имаме уште многу за работа, но во суштина ја поставивме базата, примарната конструкија на трансплантацијата во нашата држава и се надевам дека таа ќе се развива, порача Мојсова Мијовска.

Доц. д-р Бети Тодоровска додаде не може за трансплантација на органи доколку немаме добро развиено органодарителство.

-Од особена важност е свеста за донирањето на органите кои спасуваат животи, благодарение на хуманите луѓе ние можеме да помислиме и да го сработиме она за што сме се едуцирале сите овие години и да овозможиме на тие пациенти продолжување на животот, да добијаат нов шанса кој ќе им овозможи да се вратата во заедницата, истакна Тодоровска.

Информира дека на листата има 20 пациенти кои чекаат транплантација на црн дроб.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата ја добија визуелниот уметник, проф. м-р Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски.

Претседателка на Одборот за доделување на државната награда Мими Ѓоргоска Илиевска порача дека со наградата „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишните остварувања на поединци кои со својата работа придонеле за развој во повеќе области во нашата држава.

-Овој празник ги обединува генерациите кои се бореа и изборија за нашата слобода и за слободата на нашите идни поколенија. И после 130 години, 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба останува траен потсетник на вековните настојувања на Македонецот за сопствена држава во која секој човек без разлика на националната припадност ќе може слободно и достоинствено да ги гради и покаже своите творечки и професионални квалитети, изјави Ѓоргоска Илиевска. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира