Вучиќ: Со Зеленски зборуваме за подобрување на билатералните односи и европскиот пат на двете земји

Претседателот Александар Вучиќ пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Палатата на Србија се обртат на социјалните мрежи каде изјави дека со него ќе разговара за најважните прашања од билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, особено во областите на економијата, трговијата и енергетиката, како и за европскиот пат на двете земји и актуелните регионални и глобални прашања.

„Уште еднаш, му посакав топло добредојде на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, чие доаѓање во Србија претставува важен чекор во понатамошното зајакнување на политичкиот дијалог и потврда на заедничката желба за развој на односите меѓу нашите земји врз основа на меѓусебно почитување, отвореност и конкретна соработка“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека во наредниот период ќе разговара и за конкретни форми на соработка со Зеленски.

„Убеден сум дека денешните разговори ќе дадат нов импулс на односите меѓу Србија и Украина и дека, преку почести контакти на највисоко ниво и конкретни заеднички проекти, ќе продолжиме да градиме посилни врски меѓу нашите земји и народи“, нагласи Вучиќ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?