„Дневник по многу години“ на Блаже Конески за прв пат е објавен во 1988. Рацин.мк во неколку продолженија ќе пренесе извадоци од критичкото издание на МАНУ од 2014, во пресрет на 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Впрочем, Конески и неговото дело секогаш се повод сами по себе.
СТРАНСКИ ПИСАТЕЛИ
Меѓу првите, ако не и прв, дојде Илја Еренбург. Toj доаѓаше преку Албанија. Мене и Киро Хаџи Василев нè задолжија да го пречекаме во Охрид.
Долго се клацкавме по тогашните лоши патишта во една „Шкода“ малечка како желка. Кога стигнавме во Охрид, беше веќе ноќ. Ја паметам уште месечината над вилата на Демостен, но затоа сосем исчезнал споменот за средбата со гостинот идниот ден, како и за моето прво видување на езерото. Ce избришало и сеќавањето за обратниот пат и ништо поцелосно не останало од разговорите со Еренбург. Кој ce решил да води дневник по многу години, тој може да бележи само одломки и да биде среќен, ако и тие не ce сосем случајни.
Во Скопје тогаш имаше секој ден манифестации, а поводите беа различни – од прославата на победата на народната власт до заканите против народните непријатели. –
И во Албанија е истото, – забележа Еренбург, – викање, плескање и скандирање. Ce чудам само од каде и зошто толку радост.
Co тогашниот наш опит ние и не подозиравме дека во таквите зборови може да ce крие и осило.
Кога ги разгледувавме сликите во Музејот, Никола Мартиновски му рече на гостинот:
– Одвај чекаме да дојде овде изложба од Советскиот сојуз, за да видиме и ние како треба да ce слика.
– Зошто толку сте ce зажелеле за тоа, кога вашето сликарство е подобро од нашето? – одговори Еренбург.
Киро Ќамилов ce запна да му докажува, кога и како ce сретнале во Шпанија. Го споменуваше и Пабло Неруда. Дури направиле и групна фотографија. Имало и едно куче, и него го ставиле на средината пред себе.
– За кучето ce сеќавам, но за вас не можам да ce сетам, – ce извинуваше Еренбург.
Уште двапати потоа сум го видел Еренбург. Прво во Полска, есента 1947 година. Беше упадливо дека е тој единствен од делегацијата на советските писатели окружен со внимание. Вториот пат во деновите на Светскиот конгрес за мир во Москва (1962). Во просториите на Сојузот на советските писатели заседаваше тогаш посебна писателска секција. Еренбург, иако настојуваше да се движи пргаво, беше веќе стар, смален и исушен како цилунка. Кога го видов, низ главата ми мина пакосна мисла дека никој не може да биде поголем циник од животот.
Неколку дена се задржа во Скопје Сергеј Бородин. Toj беше добитник на Сталиновата награда за романот „Дмитриј Донски“. Живееше далеку од големите центри, на Памир, накај кинеската граница.
Me праша што мислам за националните односи во нашата земја. Нема ли конфликти?
Јас почнав со голем жар и полна увереност да му расправам дека националното прашање кај нас е решено еднаш за секогаш, дека ce најпосле сите рамноправни и дека настапи времето на братството и единството.
Toj ce насмевна и ми рече:
– Таквите прашања никогаш не ce решаваат докрај. Кога мислиш дека cè е во ред, туку ќе те изненади нов проблем. Јас живеам на Памир и затоа таа работа ми е многу добро позната.
Поради оваа поука ce сеќавам многупати на Сергеј Бородин до денешен ден.
Пол Елиар го чекавме цели три дена во Гевгелија, тогаш сосем неугледно гратче. Toj ce наоѓал меѓу Маркосовите партизани и затоа не ce знаеше точно часот на неговото пристигање. Подоцна читав дека од ровот им ce обраќал со пламени зборови на војниците од спротивната страна. He ми ce верува дека оставил подлабок впечаток.
Во Гевгелија имавме на располагање кола и времето си го кратевме со тоа што одевме во Дојран и се капевме во езерото. Тоа даде повод да го напишам циклусот „Дојран“, објавен веќе во збирката „Земјата и љубовта“ (1948).
Најпосле третиот ден ни јавија дека треба да чекаме на границата кај Богородица. Редовниот сообраќај со Грција беше прекинат. Теренот го контролираа партизаните. Елиар пристигна со кола во придружба на една млада жена.
Ние, така да речам, го презедовме од неа и тргнавме за Скопје. Ручавме во Демир Капија во вилата на крал Александар среде големото лозје. Ридиштата накај Неготино беа тогаш пусти и оголени, како да ce наоѓаше негде во Африка. Приквечер, на самото зајдисонце, стигнавме во Велес и запревме малку да земеме здив кај старата баждарница. Сите прозорци на спротивната страна блескаа раскошно од сонцето на заод. Пред тој призор Елиар ни рече:
– Да не сум роден во Париз, јас би сакал да живеам овде.
A jac ce сетив, со горчлив усмев, колку ме јаделе тафтабити во врелите ноќи на овој град.
Во Скопје Елиара го придружуваше најмногу Јован Бошковски. Во Топана случајно го виделе танцот на питачот. Играчот ce преправа дека е сакат во двете нозе и подава рака за милостиња. Но откако ги излагал така добрите срца, неговите удови полека ce отпуштаат, за да скокне тој најпосле на нозе и да почне една дива игра, полна ликување. Елиар бил толку импресиониран што изјавил дека за ова ќе напише песна.
Во Друштвото на писателите Елиар ни ја прикажа филмската лента со неговата песна за слободата. Убав и длабок машки глас ги рецитираше стиховите, a ритамот го следеа подбрани слики. За нас тоа беше прв случај да видиме така илустриран текст.
Кога во 1957 година престојував во Париз, ги посетив еден ден и гробиштата Пер ла Шез. Шетајќи така дојдов до една парцела со гробови без крстови. Меѓу нив го пронајдов гробот на Пол Елиар. Скицирав тука еден мал текст. Го објавив многу подоцна во збирката „Послание“.
Потоа дојдоа во Скопје Луј Арагон и неговата сопруга Елза Триоле. Беше тоа токму во времето кога нашата младина го сушеше Моноспитовското блато. Тоа вешто беше како порачано, за да може големиот гост непосредно да го сети полетот на нашата изградба.
Уште пред да здивнат, ги спакуваа гостите во „Шкодата“ што веќе ја споменував и, во придружба на Владо Малески, ги испратија за Струмица и Моноспитово. Кога ce вратија, грацилниот Арагон беше наполно исцрпен и речиси му се плачеше.
Арагон зборуваше течно руски. Toj покажа повеќе резерви за социјалистичкиот реализам и соодветната советска литературна продукција. Me прашаше кои советски поети ми ce познати. – A дали сте го читале Леонид Мартинов? – ме праша. Сфатив дека за него има подобри поети меѓу оние на кои не им се обезбедува публицитет. Овој разговор даде повод, подоцна јас да преведам и една песна од Мартинов, со кого имав можност и лично да ce видам.
Елза Триоле му ја подари на Талета својата книшка за Мајаковски. Ја прочитав и јас со интерес, подбуден од тоа што знаев дека, како сестра на Лили Брик, авторката го знаела добро Мајаковски.
Еден ден ме повикаа од Друштвото на писателите да дојдам во бифето на стариот хотел „Македонија“. На пропатување ce задржува кратко во Скопје Жан Пол Сартр и сака да ce сретне со некои македонски писатели.
Кога отидов, веќе имаше два-тројца од нашите. Co Сартр беше дојдена и Симон де Бовоар. Седеа во еден удобен агол околу масата.
Преведуваше Мира Јовановска. Тоа беше еден непринуден разговор. Ми останала само во умот непосредноста и крајната едноставност на Сартр. Веројатно сум бил изненаден, бидејќи за неговата литература и филозофија имав претстава токму толку колку што е потребно да се потчинувам на предрасуди.
Во Париз 1957 година имав можност да го следам списанието „Les temps modernes“. Bo врска co унгарските настани, Сартр наоѓаше тешки зборови за методите на советската политика. До толку повеќе ме изненади, кога во 1962 година го видов и него на заседанието на писателската секција на Светскиот конгрес за мир во Москва. Онака мал како што беше, ми ce стори како да му е незгодно каде ce нашол. Тогаш ce затврди во мене една зла мисла, што ми ce јавува и спрема други писатели од определен тип, дека и за него најважен од cè е публицитетот. Жалам.
МИСИЈАТА HA ПОЕТОТ
Дека уметникот е избрана личност, како миропомазаник на Духот, беше Љубима идеја на романтизмот. Иако оспорувана од многу страни и со уверливи аргументи, таа идеја или теза постојано ce обновува и ги привлекува особено младите луѓе, така што можеме слободно да ja сметаме за една од важните причини при нивното определување за уметничкиот позив. Така беше и меѓу нас во Прилеп во годините пред Втората светска војна, па и со Волчета и Ачета, кога ce определија – едниот за поезијата, a другиот за сликарството. За разлика од нас, тогашните гимназисти и студенти, тие произлегуваа од работничката младина, што е една донекаде условна определба. Сепак таа значи барем толку дека настапи време за современата уметност да покажат интерес и во неа непосредно да ce вмешаат и млади луѓе надвор од оние што имаа можност редовно да ce школуваат. До толку е поинтересно што мислата за елитната позиција на уметникот најде многу брзо и многу видливо одглас и во нивните срца. Бидејќи за Ачета сум напишал порано цела статија, во која е засегната и оваа страна, сега сакам да ce задржам само на Волчета и на неговите први чекори во поезијата. Притоа морам, иако само патем, да го споменам и оној интерес што Волче уште од самиот почеток го покажуваше за природно-математичките науки.
Волче беше даден на терзиски занает, како некогаш Марко Цепенков. Колку напреднал тој во занаетот и колку го практикувал не можев да разберам, иако ce распрашував. Знам само од Кочо Китановски дека Волче, како близок комшија, му превртел во тоа време еден стар костум. Тоа беше време кога младината, и училишна и работничка, се вклучуваше живо и cè пошироко во политичка акција! Во тоа движење пак ce отвораше простор за поети што ќе ce осмелат и ќе знаат со каков жар да ги искажат револуционерните пораки на денот. Уште подобро ако таквиот поет произлегува од работничката средина! Сo самото тоа неговиот збор ќе прозвучи поавтентично. Волче ја насети својата шанса. На собирањата и излетите во околината тој настапува cе почесто и го изградува по гест и глас својот стил како рецитатор на сопствените стихови. Викаше колку што го држи грло, мавташе со рацете, стегаше заби и стрелаше со поглед, привлекувајќи го вниманието на своите слушатели. Стиховите како да ги рамнеше со тоа што побрзо ги изговараше, кога му имаа повеќе слогови, a ги провлекуваше, кога излегуваа покуси. Toj рано ја сети сладоста на аплаузите и на публицитетот. Заправо, откога го знам, јас го паметам Волчета како самосвесен поет, со развиено чувства за посебното призвание на уметникот. Јас не сум сигурен што и колку придонесуваше во тие денови тој самиот за својот сиромашен поминок.
Kora почнаа да излегуваат книшки со македонски стихови, Волче побрза да ги издаде и тој своите песни. Збирката ја отпечати илегално за една ноќ во некоја печатница во Битола. Таа немаше корици ни наслов, a подоцна ја наречуваат „Иде пролет“ по првата песна во неа. Таа не е ни датирана и затоа сега ce јавуваат и разлики во датирањето. Сепак ми ce чини дека имаат право оние што ја датираат со 1939 година, и би додал – со крајот. Јас не сум видел досега поскромно издадено книжуле – еден полутабак најдолна хартија, свиткан во мал формат да ce добијат шеснаесет странички – тоа е нејзиниот надворешен изглед. A текстот е преполн печатни грешки. Очевидно немало време ни за една коректура. Книшката е потпишана со псевдонимот Даноски. Јас самиот ја имав некогаш таа книшка, ми ја подари лично Волче, но за жал таа ми е одамна загубена.
И ете и во таа книшка, меѓу другите актуелни тогаш мотиви, ce нашло место и за мотивот за уметникот и неговата мисија. Ce разбира, и тука е остро подвлечена социјалната нота. Младиот сликар мора да гладува, да „шета по улица ко некоја скота“, само да може да ја следи својата дарба. Какво бездушно општество! Какво неразбирање за талентот што треба да ce развива, a не да пропаѓа. Еве го пред нас портретот на Ѓорѓи Ачески. Но за пријателството меѓу него и Волчета јас кажав нешто во статијата што ја споменав.
Ја паметам малата приземна куќичка кај Германските гробишта, во која живееше Волче со своите стари родители. Во полутемната собичка, каде што седевме на земи, тој ми ги читаше своите песни, очекувајќи, ce разбира, пофалби, a не и критички забелешки. Toj беше целиот занесен од поезијата, a во тоа време почна да ce пројавува и неговиот интерес за распоредот и движењето на ѕвездите. Но животот е груб и безогледен – од нешто треба и да ce живее. Сетив дека го мачи тешка морална дилема, кога еднаш ми ce исповеди: – „Ме тераат старите да работам тутун. Гледам дека еден треба да биде жртва – јас или тие. Ако бидам јас, штета за поезијата и науката…“
БОНУС Видео: Блаже Конески – „Стерна“, говори Драган Спасов Дац