Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Забрчанец за Блумберг: Отворен Балкан помага да се намалат недостатоците од работна сила во трите земји

Практично денови се во прашање до почетокот на слободниот пристап до заедничкиот пазар на трудот меѓу земјите од Отворен Балкан – Македонија, Србија и Албанија. Копчето за старт на мерката, како што вели за „Блумберг Адрија“ Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, ќе го притиснат лидерите на следниот самит, кој ќе се одржи на почетокот на летово. Тоа значи дека оттогаш почнува слободен пристап до пазарите на трудот во сите можни насоки меѓу трите држави и со тоа на природен економски начин ќе се пополнуваат недостатоците. Компании од Куманово и Скопје ќе мобилизираат работна сила од Врање и околината, а веројатно и оние од Струга ќе видат кадровски потенцијал во пограничниот регион во Албанија. И обратно.

„Македонски ИТ-експерти ќе можат да работат онлајн од нашата земја во Албанија и Србија, притоа да добиваат плата и придонеси од другите две земји, а примањата да ги реализираат во својата земја. Се разбира и обратно. Потенцијалите се огромни, голем е бројот на компании за кои оваа мерка ќе значи пополнување нови работни места, а за граѓаните и особено младите можност да заработат повеќе“, дообјаснува Забрчанец.

А што е бенефицијата? Досега, за да можат да работат во некоја од земјите на Отворен Балкан, граѓаните требаше да најдат работодавец, па да аплицираат и да чекаат одобрување на дозвола за престој врз основа на добиена работа. Тие процедури траеја и по повеќе месеци. Сега, откако ќе се либерализира пазарот, правото на пристап до пазарите на трудот во трите држави може да се стекне многу побрзо и поедноставно, со електронско издавање број за идентификација од Отворен Балкан и единствен матичен број за странец од Министерството за внатрешни работи, по извршени соодветни проверки.

Извор: Блумберг Адриа

Зачлени се на нашиот е-билтен