Заложничка драма: Откако пукал во полицаец, Србин се забарикадирал во куќа со две деца

Србин

Маж се забарикадирал во стан во населбата Хехстен во Дортмунд, Германија, во вторник вечерта. Според весникот БИЛД, станува збор за 51-годишен државјанин на Србија кој наводно зел две деца како заложници, а претходно ранил полицаец со истрел. Полицаецот носел заштитен елек, па затоа претрпел само полесни повреди.

Српскиот државјанин претходно извршил напад во ресторан, мавтајќи со палка, заканувајќи се на гостите и прскајќи ги со бибер спреј. После тоа, избегал со автомобил. Кога полицијата, по повикот на жена која побарала помош, пристигнала во станбено-деловна зграда на улицата Витбројкер во населбата Хехстен, еден маж излегол пред зградата и наводно пукал во полицаец со пиштол од мал калибар.

„Еден проектил го погодил заштитниот елек на еден од ангажираните полицајци. Според досегашните информации, полицаецот претрпел полесни повреди во таа прилика“, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува Билд.

После тоа, осомничениот избегал во куќа, каде што наводно држи две деца како заложници.

Во меѓувреме, на местото на заложничката криза пристигнаа тешко вооружени припадници на специјалните полициски единици. Опремени, меѓу другото, со балистички штитови, тие ја прегледуваат куќата каде што се забарикадирал сторителот. На местото на настанот пристигна преговарачкиот тим на специјалната единица СЕК, кој ќе се обиде да го убеди киднаперот да се предаде и да ги ослободи заложниците, пред сè за да ги заштити животите на двете деца.

Најчитано