Зеленски: Русија се обидува да ги протера луѓето од Харков и од регионот

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски, обраќајќи им се на Украинците, истакна дека Руската Федерација преку напади се обидува да ги принуди луѓето да заминат од Харков и од регионот.

Тој рече дека за време на неговата турнеја низ регионот Харков, се информирал за изградбата на утврдувањата.

– Многу е важно да се зајакне оваа насока, руските терористи мора да видат дека регионот Харков станува посилен, рече Зеленски.

Тој додаде дека одржал состанок со сите одговорни за заштита на регионот и враќање на нормалниот живот по руските напади. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира