Околу 100 земјоделци од италијанскиот регион Кампанија денеска со трактори пристигнаа во Неапол, за да организираат протест против тешкотиите со кои се соочуваат и да поделат овошје на сиромашните во тој јужен град.
Тракторите во придружба на полицијата се упатија кон улицата „Марина“, каде се наоѓа народната кујна за да ги достават своите производи собрани од нивите во зори, по што ќе продолжат кон градското собрание, јавува италијанската новинска агенција Анса.
Демонстрантите носат транспаренти со слоганот „Зачувај го земјоделството“.