Рускиот претседател Владимир Путин не се знае дали ќе му честита на републиканецот Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори, изјави денеска пред новинарите неговиот прес-секретар Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Не сум запознаен со плановите на претседателот да му честита на Трамп за изборот“, рече портпаролот на Кремљ.
„Да не заборавиме дека зборуваме за непријателска земја која директно и индиректно е вклучена во војна против нашата држава“, истакна тој.
Песков, сепак, рече дека рускиот претседател се уште е подготвен за дијалог со САД.
„Претседателот Путин кажа дека е отворен за конструктивен дијалог заснован на правда, еднаквост и подготвеност да се земат предвид меѓусебните грижи. И претседателот Путин го задржува овој став“, нагласи портпаролот на Кремљ.
„Во моментов, американската администрација има дијаметрално спротивен став. Ќе видиме што ќе се случи во јануари“, истакна Песков.
Тој е уверен дека иднината на руско-американските односи, кои во моментов се на најниската точка, зависи од раководството на САД.