Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Покачувањето на пензиите во март ќе го чини ПИОМ 14 милиони евра месечно


Покачувањето на пензиите за 2 500 денари во март догодина ќе значи зголемување на трошоците во буџетот за 862 милиона денари месечно или за 14 милиони евра, рече денеска директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) , Никола Мемов.

Како што информира Мемов, за септември, трансферите на Владата кон ПИОМ изнесуваа 3,6 милијарди денари, а за исплата на пензиите во октовмри се околу 3,2 милијарди денари.

-Сегашното зголемување за 2 500 денари, од 1 септмеври, на вкупен износ од буџетот значеше покачување на пензиите за 11,2 отсто, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање на настанот Платформа: 100% посветени за тебе – „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“.

Според него, на крајот од годината се очекува да се избалансира буџетскиот дефицит, односно да се намали на 35 – 36 проценти заради очекуваниот поголем прилив по основ на приходите од 18,6 отсто од придонесите.

Мемов напомена и дека средствата во Вториот пензиски столб заклучно со септември годинава изнесуваат преку 2,5 милијарди евра.

-Осигурениците треба да бидат сигурни дека државата се грижи за пензискиот систем и ја гарантира исплатата на пензиите на подолг период, нагласи директорот на ПИОМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен