Доаѓа поларен бран во Македонија, температури и до минус 14 степени

Снег и засилен северен ветер ќе го одбележат крајот на ноември, а декември ќе започне со утрински температури до минус 14 степени. Според УХМР, заладувањето ќе продолжи во следните денови, со најниски температури во вторник и среда.

Утре, недела, 29 ноември, се очекуваат локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Врнежите ќе престанат кон крајот на денот. Во Скопје се прогнозираат дожд и снег, со повремено засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе се стабилизира, но ќе остане студено. Утринските температури ќе се движат од минус седум до два степена, а дневните од минус два до шест.

Во вторник, 1 декември, минималните температури ќе бидат од минус 14 до минус два, а максималните од минус три до осум степени. До минус 14 се очекува и во среда наутро.

По врнежите, ниските температури можат да предизвикаат подмрзнување на влажните коловози и тротоари, особено во утринските часови.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Пензискиот систем нема да издржи, се сомневам дали ќе земам пензија 331 (41%)
41 %
Ќе имам пензија, но едвај ќе стига за преживување 288 (36%)
36 %
Да, државната пензија ќе биде доволна за пристоен живот 127 (16%)
16 %
Немам став / Сè уште не размислувам за тоа 59 (7%)
7 %

Најчитано