Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Паднал од чамецот во Дојранско езеро, го спасила полицијата

Вчера, граничната полиција во Дојран успешно изведе акција за спасување на лице од давење во Дојранското Езеро, извести Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од Регионалниот ЦУК Струмица, пријавата била примена во 11:08 часот и укажувала дека лице паднало од чамец на средината од езерото и се наоѓа во опасност од давење. По итно известување на ПС Гевгелија, граничната полиција пристигнала на местото и успешно го извлекла лицето, кое е во добра здравствена состојба. И чамецот исто така бил безбедно извлечен, потврдија од ЦУК.

Зачлени се на нашиот е-билтен