Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија забрани увоз на живина, месо и јајца од Македонија, жариште на причји грип во Тирана

Семејна живинарска фарма во населбата Мезез во Тирана е жариште на птичји грип(Х5Н1). Извршена е контрола и се преземат соодветни мерки, објавија медиумите во албанскиот главен град.

Во меѓувреме се врши проверка и во други фарми во поблиските места за да се потврди дали има и други случаи.

– Надлежните издадоа забрана за продажба и тргување на отворен простор и пазари за жива живина, како и за движење на жива живина од фарма до фарма и од фарма до сточни пазари, додаваат медиумите.

Исто така не се дозволува движење на живи птици без овластување од официјален ветеринар, без извршен PCR тест и потврда дека птиците се негативни на болеста птичји грип.

Од Институтот за јавно здравје попладнево информираа дека засега нема регистриран случаи со птичји грип кај човек.

Министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија преку посебни наредби презеде заштитни мерки против болеста птичји грип со висока патогеност кај птиците, и забрани увоз од Северна Македонија, Хрватска, Данска, Италија, Бугарија, Унгарија, Германија, Полска, Франција, Чешка, Словачка, Романија, Молдавија, Шпанија, Португалија, Франција, Норвешка и Австрија.

Мерките вклучуваат забрана за увоз и транзит низ територијата на Република Албанија на: жива живина, бројлери, декоративни птици, биолошки материјал од птици, јајца од живина, месо од живина не обработено термички како и на нуспроизводи од живина што не се термички третирани.

Исто така, во исто време Министерството за земјоделство презеде мерки за заштита од болестите овчи и козји сипаници кои се појавија во Грција, Турција и Бугарија. И во овој случај, мерките вклучуваат забрана за увоз и транзит на територијата на Република Албанија на сите живи животни од растителен и волнен тип, биолошки материјал и животински нуспроизводи од растителен и волен тип.

Слични мерки се преземени за заштита од болеста син јазик што се појави во Шведска, Данска, Португалија, Австрија, Холандија и Шпанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен