Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Димитриеска-Кочоска: Земјите од Западниот Балкан треба заедно да влезат во ЕУ 

Сметам дека сите земји од Западниот Балкан треба заедно да влезат во Европската Унија, а не некоја да оди понапред од друга, изјави за МИА министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која денеска во рамки на својата работна посета на Брисел говореше на панелот „Проширување на Европа: По која цена и со каква структура?“ во рамки на Конференцијата „Гласови, избори и лидерство: Пресвртна точка за Европа?“ во организација на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. 

Таа посочи дека на панелот  биле изнесени различни размислување од страна на говорниците, при што некои се залагале за постепено проширување на ЕУ, а дури пак се изјасниле дека е важно приемот на нови членки да се врши врз системот на заслуги. 

– Некогаш ние бевме лидери во регионот во однос на исполнување на обврските, а денес имаме еден проблем, проблемот со Бугарија и како резултат на тој проблем, го поставив прашањето како ќе го калкулираме или како ќе мериме согласно системот на заслуги. Затоа тоа е нешто што треба да стои на страна и понатаму да се разговара, но приемот треба да биде заеднички на сите земји од Западниот Балкан, особено што, пак ќе кажам, станува збор за прашање коешто не можеме да го измериме и да кажеме дали Македонија направила се што треба или не направила, додаде Димитриеска-Кочоска. 

Зачлени се на нашиот е-билтен