Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бислимоски: Регулаторна ги анализира барањата за нова цена на струјата од МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција

Регулаторната комисија за енергетика ги анализира барањата за нови цени доставени од МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција. Во декември барање за нова цена ќе достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Според Бислимоски некоректно би било да се шпекулира за цените, но, посочи дека, не верува во проблематични одлуки кои би влијаеле на буџетот на домаќинствата.

Зачлени се на нашиот е-билтен