Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори

Бугарија е веќе во состојба во која не се зборува за перспектива, стабилност, безбедност и цели“, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на почетокот на Националната конференција на партијата

„Вчера потпретседателката рече дека изборот на овој парламент е нелегитимен. Тоа значи дека според претседателската институција сите одлуки што се носат се нелегитимни. Тогаш зошто ние се собираме во понеделник да дадеме заклетва, зошто е даден овој ден и време? Тоа е во надлежност на претседателот да го свика Уставниот суд и да ги откаже изборите, а не да ги продолжи овие игри со делумните откажувања“, коментира тој.

„На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа“, рече Борисов.

Тој ја повика потпретседателката Илијана Јотова да се извини за вчерашниот коментар дека изборите за 51. Народно собрание биле нелегитимни, или претседателот Радев да го повлече указот.

Тоа значи борба меѓу властите, рече Борисов, а со тоа и уште потешка политичка криза. Тој изјави дека верува оти води легитимно избрана партија.

„Не се откажуваме од позицијата претседател на Народното собрание, бидејќи тоа е заслужено место за нашата партија“, рече и Борисов.

По вонредните парламентарни избори на 27 октомври, ГЕРБ-СДС повторно е прва политичка сила и ќе има 69 пратеници во 51-от парламент. По гласањето, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов изјави дека ќе вложи максимални напори за редовна влада со целосен мандат.

Зачлени се на нашиот е-билтен