Со неколку нови ексклузивни брендови Diamond Mall ќе ја стартува втората година од своето постоење. Се работи за брендови на македонскиот пазар кои ќе им бидат достапни на купувачите само во Diamond Mall, со што дополнително ќе се збогати уникатната понуда на овој трговски центар. Во Diamond Mall е присутен и глобалниот британски бренд „NEXT”, со првата и засега единствена продавница на македонскиот пазар.
„Нѐ радува фактот што за само една година Diamond Mall стана едно од омилените места во градот за сите љубители на купувањето, добрата храна и забавата. Нашиот концепт на прв ,лајф-центар’ беше препознаен и бројот на посетители постојано расте, а ние со голема посветеност работиме на креирање нови содржини и збогатување на нашата понуда. Многу скоро ќе ја надополниме нашата понуда со нови ексклузивни брендови, со што ќе ја зголемиме дополнително атрактивноста и за посетители од регионот“, истакна Селин Октај, директорка на Diamond Mall.
Од отворањето на Diamond Mall во октомври минатата година, бројот на посетители се зголеми за 50%. Интересот за понудата во Diamond Mall во континуитет расте. Со вселување на последните две кули во рамки на комплексот чиј дел е трговскиот центар, се очекува фреквенцијата на дневно ниво дополнително да се зголеми.
Diamond Mall е еден од главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, инвестиција вредна над 350 милиони евра. Покрај Diamond Mall, комплексот го сочинуваат и четири резиденцијални згради од кои две се веќе вселени, деловни простории и хотелот Limak Skopje Luxury Hotel. Вкупната површина за закуп во Diamond Mall изнесува 48.000 м², распоредени во 150 продавници со различна понуда. Покрај тоа, во рамките на овој трговски центар функционира веќе добро познатата Гурманска авенија (Gourmet Avenue) со богат избор на ресторани, барови и кафулиња кои нудат локални и интернационални вкусови. Во Diamond Mall се наоѓа и најголемата зона за едукација и забава на деца и млади – Зоната на соништата (Dream Zone), која е сместена на 3.500 м².
Мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ е во сопственост на „Лимак Скопје“, дел од групацијата „Лимак“ која со своите активности е присутна во 17 земји во светот и вработува повеќе од 60.000 лица. Групацијата делува во секторите градежништво, туризам, енергетика и инфраструктура.